Македонија
17. March 2016 - 19:17

Груевски во посета на Ѓорче Петров

Жителите на населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров, добија ново повеќенаменско игралиште, а за помалку од 5 месеци игралиште ќе добијат и жителите на населбата Дексион. При денешната посета на општината, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски потенцираше дека со ова се исполнети уште две ветувања дадени пред граѓаните. Пред нив беше посечно дека до крајот на годината ќе биде завршен големиот проект на град Скопје, за изградба на 15 улици, од кои досега се завршени 7, проект вреден 1 милони и 200 илјади евра. Во моментов исто така се работи и на доизградба на булеварот Партизански одреди кој ќе биде проширен за половина километар. Инвестиција на град Скопје вредна 40 милиони денари.

Министерот за транспорт Владо Мисајловски, пак лично се заложи да го разгледа проблемот на  дел од граѓаните кои се пожалија дека не можат да ги легализираат куќите поради урбанистичкиот план или поради спор со соседите.

Пред жителите на населба Волково, пак Груевски потенцираше дека проектите се исполнуваат според  ветувањата. Во тек е тендер за доградба на училиштето Тихомир  Милошоски, кое ќе добие 4 нови училници. Како најголем проблем пак, жителите на Волково го посочија недостатокот од градинка во населбата.

Груевски изврши увид и во изградбата на локалниот пат кој ги поврзува селата Волково и Орман. Потенцираше дека директената комуникација со граѓаните е одлична можност да ги согледа нивните реални проблеми, а голем дел од нив ќе бидат дел од предизборната програма  на ВМРО-ДПМНЕ.