Македонија
7. March 2016 - 19:03

Груевски во Делчево на средби со граѓаните и проверка на реализацијата на започнатите проекти

Рехабилитација на патот Делчево Голак за развој на туризмот во овој дел од државата. Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски изврши увид во градежните активности за 
реконструкција на овој пат кои се во полн ек.
 
Првиот човек на ВМРО ДПМНЕ кој денеска е во посета на Делчево изврши увид и на градежните активности за изградба на нова градинка.
 
Груевски во Делчево разговараше и со голем број жители кои бараа решение на проблемите кои ги засегаат.
 
Груевски беше во посета и на делчевските села. Во селото Вирче ќе се реконструира патот и ќе се гради канализациона мрежа.
 
Лидерот на ВМРО ДПМНЕ го посети и селото Град каде исто така ќе се гради канализациона мрежа, а се разгледува и можноста за изградба на млекара.