Македонија
8. April 2016 - 16:10

Груевски: ВМРО-ДПМНЕ настапува со програма, СДСМ со деструкција

Изборите ќе бидат излез од кризата и затоа мора да се случат. Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зад актуелната криза стои стравот немоќта и фрустрацијата на опозицијата која преку поткопување на идентитетот прави обиди за насилна промена на власта и наместо со политика, се занимава со уцени и деструкција. Сепак, според првиот човек во владјечата партија, тоа нема да го спречи планот за развој на земјата и подобар живот за граѓаните

Груевски потенцираше дека реални аргументи за бојкот на изборите нема. Според него, останува само стравот на Заев да се соочи со народот предизвикан од очајниот рејтинг меѓу граѓаните

Груевски му порача на Заев дека е доста со деструкции и дека Македонија нема време да го чека за да го надмине стравот и да излезе пред граѓаните на избори.