Груевски: Владата останува во директен контакт со народот
Македонија направи огромен напредок во овие 24 години независност и сувереност, но потребна е уште многу работа. Мораме да останеме фокусирани на континуирани реформи и на стратегиските цели. Владата тоа и го прави, но паралелно останува во директен контакт со народот, рече премиерот Никола Груевски во денешното обраќање по повод Денот на независноста, 8-ми Септември.
Одењето на терен, соочувањето со проблемите на луѓето и нивното решавање во случаите кога е можно, нагласи, ќе ја одржуваат бистра сликата за реалноста кај политичарите и функционерите кога се дизајнираат реформите.
- Мораме да продолжиме директно да се соочуваме со проблемите на луѓето, да ветуваме и да го реализираме нивно решавање. Независноста ни даде одврзани раце да бидеме свој на своето. Сами како држава и народ да ги носиме одлуките за нас. Сега, оваа наша држава мораме на најдобар и најефикасен начин да ја модернизираме, зајакнуваме и континуирано да ја реформираме кон подобро. За доброто на народот, бидејки народот е државата, порача Груевски.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево