Груевски: Уште 5 недели до големата победа на македонските граѓани против сите оние кои ги потценуваа!
Уште 5 недели до одговорот кој треба да го добијат сите кои си играа со чувствата на нашите граѓани и ги држеа во заложништво цели две години, под тензија, поделеност, конфликтност, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на денешната конференција на Унијата на жени на партијата.
-Уште 5 недели до големата победа на македонските граѓани против сите оние кои ги потценуваа и со подготвени сценарија одлучија да му го земат мирот. Уште 5 недели до изборите кои ќе бидат пример до сите дека не може со напишано сценарио да се урне држава и да се разнебити народ. Дека во една држава со слободоумен народ ни странски служби, ни некој кој однадвор те спремал, како што вели самиот мој политички опонент, не може да го прелаже народот. Уште 5 недели кога ние од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ ќе го почнеме новото време кое Македонија го заслужува. Свесни за работите и кои кај нас треба да ги промениме, но и промени на подобро во државата, преку реални проекти и мерки, истакна Груевски.
Тој порача дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи со одлична програма која е реална и остварлива.
-Со извлечени поуки од грешките и пропустите од минатото, со сериозна сондажа на мислењето на народот за тоа што поддржува, а што не од нашите активности и прилагодување на тоа, со приоритети во политиките и мерките кои се најважни за мнозинството граѓани, со нова енергија и освежување. Со нови мерки и политики за натамошно подобрување на квалитетот на животот во земјата и решавање на многу проблеми, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ