Македонија
27. јуни 2019 - 14:13

Груевски: Судот одлучи да не го прифати барањето на рекетарската влада во Македонија

Денеска е спроведена стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати, напиша на својот фејсбук профил поранешниот премиер Никола Груевски.

Тој утрово беше донесен на сослушување во суд во Будимпешта во врска со барањето за негова  екстрадиција во Република Северна Македонија.

Медиумите во Унгарија објавија фотографии и видео од Груевски во судот, каде тој во судницата седи со наочари за сонце и капче. При доаѓањето во судот тој одел со рацете покрини со палто, следен од две лица.

Унгарските власти минатата недела го информирале Министерството за правда на Република Северна Македонија дека го добиле комплетираното барање за екстрадиција.

Груевски откако беше осуден на двегодишна затворска казна за предметот на СЈО, „Тенк“ пребега  и доби азил во Унгарија.

Јавното обвинителство го обвини Груевски дека ги организирал насилствата на 27-ми април во Собранието, а Министерството за правда ја испрати до унгарските власти новата екстрадиција и  за овој предмет.