Груевски: Средбата со Бајден потврда на стратешкото партнерство со САД
Премиерот Никола Груевски попладнево, по враќањето од Вашингтон, средбата со потпретседателот на САД Џо Бајден ја оцени како пријателска и одлична и истакна дека претставува уште една потврда на стратешкото партнерство со САД.
- Гледам дека некои од македонските медиуми и опозицијата особено се занимаваат со техникалии - кој побарал средба, дали јас сум побарал средба, дали тој кој ја организирал средбата, што организирал... Јас повеќе би зборувал за суштината, а суштината е дека имавме многу пријателска и одлична средба со господинот Џо Бајден на која присуствуваше и госпоѓата Викторија Нуланд. Дека тоа е добро не само за нас, туку и за Република Македонија. Претставува уште една потврда на нашето стратешко партнерство со САД, држава која што во овие две и пол децении независност ни има многу помогнато и поддржано и ќе не поддржува и во иднина. Разговаравме за повеќе теми коишто веќе ги кажав во моја изјава што ја дадов уште во Вашингтон и којашто веќе е проследена во македонските медиуми, истакна премиерот Груевски одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за реализација на инвестиција со која ќе биде рестартирана поранешна „Порцеланка“.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата