Груевски со соработниците и пријателите по работниот ден во опуштена атмосфера
На изненадување на присутните, вчеравечер Никола Груевски и пријатели заедно со неколку свои соработници беше виден на повеќе места каде се одвива скопскиот ноќен живот. Некаде околу 23.30 часот по завршување на работните обврски Груевски им се приклучил на пријателите кои кратко претходно биле во кубанскиот ресторан, пишува Вистина.мк.
Интересно е што им се приклучил и кошаркарската мега ѕвезда Лестер Бо Мекејлеб кој е во Скопје поради преговорите со МЗТ за настап во домашното првенство.
Како што пишува порталот, по кусиот престој во кубанскиот ресторант присутните биле забележани и на отворањето на новата летна дискотека XL (поранешно Колосеум) каде имало многу млади луѓе и градски личности.
-Она што беше забележително е постојаното инсистирање на гостите или минувачите кои сакаа да се фотографираат со Груевски. Тој со насмевка позитивно одговараше на барањата за фотографирање. Многу млади луѓе приоѓаа да се запознаат и да разговараат со Груевски кој го привлече вниманието на присутните, пишува порталот Вистина.мк.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.