Македонија
2. јуни 2018 - 18:16

Груевски со поддршка за денешниот протест: Македонија ќе победи!

Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дава јавна поддршка на протестот кој ќе се одржи вечерва во 20 часот пред македонската влада.

-Помина една година, а веќе ретко кој се уште не ја препозна големата лага на СДСМ. Време е да им се испрати јасна порака. Дека знаеме и гледаме што се случува. Дека не се согласуваме. И дека сакаме промени. Вечерва е добра можност. Поддршка за денешниот собир.
Македонија ќе победи, порача тој.