Македонија
15. October 2015 - 15:29

Груевски: Со Оперативниот план за вработување ќе бидат опфатени 13.500 лица

Оперативниот план за вработување за 2016 година е усвоен од страна на Владата и со него е планирано да бидат опфатени 13.500 лица од кои 8.700 ќе бидат директни вработувања. 

Премиерот Никола Груевски при денешната псосета на скопската општина Кисела Вода изјави дека оперативниот план е усвоен пред десетина дена и оти за негова реализација ќе бидат инвестирани 11,5 милиони евра.

- Тоа е план што ќе се спроведува преку Агенцијата за вработување. Дадени се максимални напори кои се потребни за негова реализација и ќе биде целосно реализиран, изјави премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.