Македонија
22. November 2017 - 16:34

Груевски: СЈО одвлекува внимание од името и Договорот со Бугарија

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за финансиски криминал поврзан со електрична енергија. Во својство на сведок попладнево исказ даваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, но во интерес на постапката специјалната обвинителка Катица Јанева не откри повеќе детали.

По скоро 2 ипол часа распит во просториите на СЈО, Груевски изјави дека одговорил на поканата  и покрај тоа што тимот на Јанева работи незаконски и со веќе истече мандат. Според него постапките на Специјалното обвинителство се со цел да се дефокусира јавноста од штетните политики на Владата.

Специјалното обвинителство попладнево ја доби и првата правосилна пресуда за уништување на трагите од прислушувањето. Преку соопштение информираа дека еден обвинет во предметот Таргет-Tврдина кој ја признал вината е осуден на условна казна затвор од шест месеци. На барање на обвинетиот од СЈО не го откриваат неговиот идентитет освен дека се работи за лице одгoворно за бришење на логови од системот за прислушување. Во овoј предмет обвинети се вкупно 11 лица меѓу кои и екс-министерката Гордана Јанкуловска и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.