Македонија
13. October 2017 - 22:16

Груевски: Сите ние заедно сме Македонија, пуштете ја светлината за развој на нашите градови и села

Голем број граѓани се собраа денеска на грандиозниот митинг пред Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Пред граѓаните кои ја направија победничката атмосфера во која цела кампања е ВМРО-ДПМНЕ, се обрати претседателот на партијата Никола Груевски. Тој кажа дека за голем дел од работите за кои во минатото предупредил дека тие ќе ги направат, а ќе имаат негативен одраз за граѓаните и државата веќе се случија, станаа реалност.

-Еве ги некои станаа дел од нашето секојдневие, а оние што се посериозни, со многу повеќе штетни и непоправливи псоледици има голема веројатност да се случат во периодот што следи по изборите. Вие сте свесни и добро знаете за што зборам и на што мислам. Изборите се шанса за да се испрати порака, за да не биде предоцна. За да не биде прекасно. 15-ти октомври е вистинскиот момент за испраќање на таа порака од граѓаните за Република Макдонија, изјави Груевски.

Тој кажа дека сака да ги повика сограѓаните кои гласаат за други партии.

-Сакам да испратам порака и до граѓаните од различните етнички и социјални групи, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и останати, христијани, муслимани, атеисти, работници, невработени, пензионери, млади, земјоделци, доктори, професори, учители, жени и мажи, горди граѓани на Македонија. Сакам исрено да ги повикам и да им кажам: Приклучете се кон новата ера, приклучете се за да го забрзаме напредокот на Македонија и нашите градови и села, рака до рака, рамо до рамо. Ние нема да ве изневериме, ви давале збор, со име и со чест. Ајде да го направиме ова за вас, за вашите семејства, за нашите деца, за подобра иднина и животен стандард. За подобри и поквалитетни услуги. Заедно да потпишуваме подобри проекти, изјави Груевски.

Груевски кажа дека безусловно ги сакаат граѓаните, безусловно ја сакаат земјата, безусловно го сакаат нашето знаем..

-Сите ние заедно сме Македонија, пуштете ја светлината на новата ера, пуштете ја светлината за развој на нашите градови и села. Пуштете ја светлината за трабилност, мир, единство и доверба. Пуштете ја светлината за еднакви услуги и правда. Пуштете ја светлината за да заврши ова помрачување и да започне новото утро во Македонија. Затоа што сите ќе се разбудиме во посветло утро на 16-ти октомври, 15-ти октомври ќе биде ден на победа на Македонија. Ви ветуваме, ќе чекориме заедно, ќе растеме заедно. Ќе бидеме посилни и ќе победуваме заедно, изјави Груевски.