Груевски се жали на селективна правда
На судењето за „Траекторија“ имаше еден фрапантен момент каде што самата обвинителка кажа дека разговорите има можност да бидат манипулирани и контаминирани, осносно дека може во нив да се уфрлат делови, изјави Никола Груевски пред Кривичниот суд, коментирајќи ги наводите на обвинителката Лиле Стефанова од СЈО на денешното рочиште за овој случај.
Посочи дека тоа е интересен детал, кој ги потврдува сомнежите за прислушуваните разговори од претходно.
- Согласно член 12, став 2 од Законот за кривична постапка тие креирани материјали не може да бидат доказ во судска постапка. Но под притисок на власта Апелацискиот суд во август донесе спротивна одлука, истите да се користат како докази, рече Груевски.
И покрај тоа, како што посочи, нашите бранители побараа да ги имаат и добија одговор дека не може од причина што ако ги добијат можат да се контаминираат.
- Ако Обвинителството ги има примено од Зоран Заев, претпоставувате за што станува збор, односно дека е во прашање политички прогон за да се постигнат одредени политички цели, истакна Груевски.
Во врска со второто судење за „Насилство во Центар“, Груевски рече дека пред било кој да земе збор самата судијка кажа дека не се исполнети законски услови судењето да се одржи, од причина што немаат камери кои биле земени за друго судење од потежок карактер.
- Претставниците на СЈО кажаа дека и покрај тоа што е незаконски, сакаа да го одржат рочиштето. Тие не го негираа тоа дека е незаконски и сакаа да се одржи судењето, рече тој.
Груевски изјави дека станува збор за малтретирање на сите нив, за политички монтиран процес од Обвинителство кое има политички цели.
- Имаме селективна правда. Ни се закажуваат по две рочишта во еден ден, секоја недела, по три - четири пати да сме во суд. Судот е под притисок кон нас да постапува како кон луѓе на кои што е можно побрзо да им се завршат случаите и да бидат осудени, а од друга страна судењето на Заев не може да почне две години, истакна Груевски.
Поранешниот градоначалникот на Центар Андреј Жерновски, кој се јавува како оштетен во „Насилство во Центар“ истакна дека одбраната на Груевски ги користи сите можни средства да се одложат судењата.
- Бидејќи правеа груба манипулација со чувствата на верниците, но оние кои се вистински верници не нарачуваат насилство и шамари, и затоа се случи Никола Груевски на Свети Никола да има две судења, рече тој и додаде дека и колку и да се обидуваат да ги пролонгираат рочиштата, правдата иако е спора, сепак ќе пристигне.
Судењето за „Насилство во Центар“ денеска се одложи, бидејќи во судница немаше камери, кои требаше аудио и визуелно да го снимаат рочиштето.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите