Бизнис
4. January 2016 - 15:08

Груевски: Се инвестираат 46 милиони евра за шест регионални патишта

Шест регионални патишта ќе се градат во 2016 година, а инвестицијата изнесува 46 милиони евра. Регионалните патишта се во должина од 85 километри, изјави денеска премиерот Никола Груевски. 

- 46 милиони евра во една година за регионални патишта навистина е сериозна инвестиција. На многу граѓани ќе им биде од голема полза, рече Груевски. 

Годинава ќе се градат регионалните патишта Кочани-Делчево, Пробиштип - Пониква, Тораница - Саса, патот меѓу мало и големо Коњарево, патот Извор - Бошков мост (Кичево -Дебар) и приклучокот кон Вевчани. 

Груевски потсети дека покрај регионалните патишта, оваа година ќе се работи и на петте експресни патишта и на трите автопатишта, како и на поголемиот број на локални патишта коишто се градат.