Груевски: СДСМ води политика на флоскули и празни зборови
Ова не се обични локални избори. Не гласаме за да донесеме само градоначалници и советници, туку ќе одлучиме каква ќе биде Македонија по 15 октомври, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од вечерашниот митинг во Прилеп.
Според него, СДСМ води политика на флоскули и празни зборови и не нуди идеи или решенија за подобар живот, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ која има јасно дефинирана и добро промислена визија.
- Каде и да одам, во сите мои говори, секогаш зборувам за работите кои сме ги направиле, за проектите кои сме ги реализирале, за успехот што заеднички го создававме. И има многу работи да се кажат зашто тоа сме ние, а работата и посветеноста останува наша карактеристика, рече Груевски.
СДСМ, потенцира, води политика со клевети, лаги и празни зборови.
- Водат политика на навреди, на креирање тензии и заплашување, политика на насилство, на многу афери, корупција, криминал. Тие знаат само да палат, укинуваат и уништуваат. Сите мора да го знаат следново: Ние не се плашиме од никого. Ние сме ВМРО и ВМРО не се плаши од никого. Ги посветивме нашите срца, мисли и животи за оваа кауза. И не се откажуваме од нашата земја. Се додека нашиот народ, нашите граѓани тоа го сакаат, ние ќе стоиме исправено и гордо. Никогаш нема за застанеме, да се предадеме. Никогаш нема да го заборавиме и да го смениме нашиот правец за развојот на нашата земја, истакна Груевски.
Потенцира дека ќе продолжат да ги исполнуваат ветувањата, да работат и да нудат проекти и решенија, нешто за што, напомена, СДСМ не е способна.
- Нивниот главен проект е воздух. Ветуваат две работи кои не зависат од нив, живот и воздух. Тоа е потценување на народот, на неговата интелигенција. Нема да чуете решенија, идеи за подобар живот. Туку флоскули, апстрактни поими, рече Груевски.
Тој се осврна и на реализираните проекти во изминатите години. Потенцира дека во 2006 година во општина Прилеп имало 13.808 вработени лица, а денес бројката е 26.838 лица. Во мандатот на ВМРО-ДПМНЕ се отворени 13.000 нови работни места во овој град, а се инвестирани повеќе од 160 милиони денари во реконструкција на локални патишта во вкупна должина од над 35 километри.
Најави и инвестирање на 160 милиони денари во изградба на нова и реконструкција на постоечката водоводна и канализациска мрежа, изградба на современа станица за отпадни води, нови водоводни мрежи за населените места Бонче, Чаниште, Дуње, Лопатица, Шелеварци, Топташ, Манастирот Трескавец и Селце- Манастир „Св. Димитрија“, зборуваше и за отворање дневен центар за стари лица и дневен центар за деца и лица со пречки во развојот, како и за набавка на нови 10 автобуси и електрични комбиња за јавниот превоз во Прилеп.
Најавувајќи реализирање капитални проекти, Ристески рече дека во наредните четири години ќе продолжи носењето нови инвестиции и дооформување на индустриските парцели. Вети 5.000 до 7.000 вработувања, гасификација, субвенционирање велосипеди и набавка на електрични возила за чиста животна средина, градски пазар, соларна централа за производство на електрична енергија, нови градинки, комплетна реконструкција на старата чаршија,...
И тој ја обвини СДСМ за политиката што ја водат. - СДС ни го продаваат најсветото, најавуваат двојазичност и промена на историјата, но казната од прилепчани ќе ги стигне на 15 октомври, рече Ристески, додавајќи дека „уништувачите на Прилеп и Македонија посакуваат да ја сменат и демографската слика на градот“.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто