Македонија
20. March 2016 - 16:19

Груевски: СДСМ е во тотален хаос и пред пораз

Фантомски гласачи во Македонија немало, нема и ќе нема, тврди лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Според него ваквото однесување на СДСМ е да си создадат алиби за поразот кој ги очекува. Тоа е лакрдија на СДСМ рече Груевски во вчерашното гостување во дневникот на Сител.

- Ако треба реално со вкрсутвање на евиденции да се проверат 10.000, тие сакаат тоа да биде 100.000, 500.000.  Тоа е создавање на привид кој ќе им обезбеди алиби, прво пред изборите пак да одложат, а нема да успеат. И второ ако дојдат на избори да имаат алиби. Ова многу ќе ги чини. Колку е поголема бројката на луѓе кои ќе ги проверуваат, поголем зијан за нив. Тоа се чесни луѓе кои си гласаат по закон, а некој ќе им тропа на врата и ќе ги распрашува. Тоа дополнително ќе влијае на нивниот рејтинг, тие ги множат граѓаните со нула. Фантомски гласачи во Македонија немало, нема и ќе нема, порача Никола Груевски,претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Според Груевски, СДСМ се во хаос пред пораз на изборите и само бараат алиби да го оправдаат поразот, а тоа е создавање на привид дека којзнае што се случува со списоците.