Груевски: Санацијата во Порој продолжува без оглед на временските прилики
Премиерот Никола Груевски денеска го посети селото Порој во општина Теарце каде направи увид во санацијата на оштетените објекти од невремето што на почетокот на август го зафати овој крај.
Тој укажа дека без оглед на временските прилики планираните активности за санација ќе продолжат согласно предвидената динамика.
Жителите изразија благодарност до Владата за навремената реакција и потенцираа дека без брзата интервенција од страна на надлежните институции тешко би се санирале последиците од невремето.
Поради големото оштетување се очекува градежните активности да продолжат во следните два до три месеца. Се расчистува коритото на Поројска Река, која во невремето го имаше затрупано мостот кој го поврзува Порој со Тетово.
Груевски оствари средба и со жителите на месната заедница на Порој кои се интересираа за чистење на коритото на реката. Премиерот истакна дека во моментот активно се работи на нејзино расчистување, а се работи и на санација на двата моста за што активно е вклучена и градежната оператива. Ќе се уредува и реката за што обврска презема Општина Тетово откако ќе биде исчистено речното корито.
Планирано е премиерот Груевски да присуствува и на поставување камен-темелник за изградба на локален пат во Непроштено, а ќе ја пушти во употреба и спортската сала изградена во Државниот универзитет во Тетово.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка