Македонија
6. December 2016 - 21:33

Груевски: Само со нови инвестиции и вработувања до повисоки плати

Отворање рурални развојни зони во Берово најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на листата во ИЕ 4 Никола Груевски на вечерешниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Берово. Тој истакна дека само со носење инвестотори, инвестиции во нови индустриски капацитети и нови вработувања може да се постигне покачување на минималната и просечната плата.

- Проектот рурални развојни зони во кој ќе бидат вклучени сите населени места со под 10 илјади жители по изборите со промена на закон ќе бидат во делот на овие зони, каде секое населено место ќе биде рурална равзојна зона. Овде е предвидено доколку наредните 5 години се отпочне со инвестиција во некој иднустриски капацитет, хотел, откупен центар, секој да биде помогнат од државата, да биде ослободен 100 отсто од данокот на добивка и персонален данок на доход и 50 отсто осободување од плаќање придонеси, 10 отсто од неговата инвестиција ќе му биде кофинансирана од Владата, за секое ново работно место ќе добие по 2 илјади евра поддршка од дражавата,а ако вработи стечаец по 4 илјаид евра, рече Груевски.

Така сакаме, посочи, да помогнеме да се отворат домашни и странски инвестиции и во помалите населени места. Така се отвораат нови работни места, се намалува невработенсота и се влијае на зголемување на просечната плата.

Тој истакна дека во Порграмата „Реално“ за Берово се предвидени низа проекти.

- Планирана е гасификација на Берово со крак кој ќе доаѓа од Штип, преку Делчево. Целосна реконструкција на регионалниот пат Виница-Берово, изградба и реконструкција на повеќе локални патишта, ќе се изгради улица во Смојмирово и реконструкцја на кејот на реката Брегалница, изградба и проширување на канализациската инфарструктура во Берово и Пехчево за што се издвоени 5 милиони евра, рехабилитација на канализациската мрежа во Берово во должина од 33 километри, изградба на колекториски систем во Пехчево. Изградба на водовод со прочистителна станица на Беровско Езеро, изградба на водовод во селото Ратево, но и изградба на зелен пазар, реализација на програмата за еко град,..., истакна Груевски.

Тој потсети на досега реализираните проекти во Берово кои се со вкупна вредност од 57 милиони денари, реконструкција на улиците во градот и населените места со 26 милиони денари, доделен е 51 стан на лица во социјален ризик, а само за 5 години за земјоделците од Малешевијата се доделени 372 милиони денари. Покрај тоа направена е  реконструкција на спортски терени, нови велосипедски патеки, доградба на училишта во градот и на детската градинка во Русново, отворање на дом за стари лица, народна кујна.

Груевски додаде дека гласањето за помалите партии е директно гласање за федерализација и кантонизација на Македонија и глас за Заев и за сценаристот кој стои зад Заев.

-В недела ќе заврши кризата за земјата да оди напред, за да се реализираат проектите од програмата Реално. Единствен сигурен начин е референдумско излегување на изборите и 63 пратенички места за Коалицијата „За подоба Македонија“, порача Груевски.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ од Третата изборна единица, Илија Димовски, ги посочи проектите кои се во тек во источниот дел од државава и проектите најавени за реализација во Берово.

Пред присутните на митингот се обрати и Емилија Александрова, кандидат за пратеник од Коалицијата „За подобра Македонија“ од Берово која истакна дека Берово веќе е препознатлива урбана средина, а во цела Малешевија ќе продолжи градежната експанзија и инвестициите во инфраструктурата.