Македонија
25. November 2016 - 22:26

Груевски: Професионални земјоделски советници за подобри земјоделски производи

За следниот мандат помеѓу останатото предвидуваме и воведување на професионални земјоделски советници, , најави во своето обраќање пред граѓаните на Гевгелија, лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

-Тие ќе се базираат и ќе функционираат на база на матичните лекари, по капитација, значи по глава, колку земјоделци ќе се запишат кај еден земјоделски советник толку ќе земаат пари. Така што секој земјоделец ќе може да си одбере свој професионален земјоделски советник, ако е задоволен од него ќе продолжи со него, ако не е задоволен ќе си најде друг, ќе го откачи првиот, ќе се запише кај друг, првиот ќе зема помалку пари за тој земјоделец, новиот ќе зема повеќе пари. Значи ќе има меѓу нив конкуренција. Конкуренција која што треба да ги натера да се борат за земјоделецот. А борбата ќе биде само преку тоа што ќе му даваат добри земјоделски совети и добри економски совети, рече Груевски.

Тој посочи дека, тие земјоделски советници, прво ќе треба да имаат завршено високо образование, земјоделски или економски факултет, второ, ќе треба да поминат преку специјален курс кој ќе трае неколку месеци со обемни предавања од врвни предавачи не само од земјата туку и од надвор. Потоа ќе треба да полагаат испит, и да добијат лиценца. За полагање на испитот ќе треба да користат и домашна и напредна странска литература веќе и во најголем дел преведена на македонски јазик. Ќе треба д апознаваат добро англиски, за да може да ги следат преку интернет најновите научни истражувања во областа на земјоделието за да може да му пренесат на земјоделецот што е најдобро.

-Соетникот ќе мора 4 пати во годината да доаѓа на специјални нови обуки за најновите научни достигнувања бидејќи науката постојано оди напред и тие мора да го држат чекорот со тоа за да може да им го пренесат тоа на нашите земјоделци . Ќе мора три до четири пати задолжително да го посетат земјоделецот, да ги видат нговите состојби, родот, има ли проблем, како да се реши проблемот, појасни Груевски.