Македонија
25. August 2016 - 17:55

Груевски: Проектот за вработување на стоте најдобри студенти уште едно реализирано ветување

Законот со кој ќе почне реализацијата на проектот за вработување на стоте најдобри студенти веќе е подготвен од Владата и испратен до Собранието на Република Македонија и во следните две недели се очекува да биде усвоен.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска е во посета на Валандово, рече дека овој проект за вработување на стоте најдобри студенти од петте највисокорангирани универзитети во државата е уште едно од ветувањата дадени пред граѓаните.

- Овој проект беше еден од 40-те проекти коишто ги соопштив како нови проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои треба да им помогнат на младите, рече Груевски.

Во Законот, како што истакна, е прецизно наведено колку студенти од кои универзитети ќе треба да се вработат, а најголем удел во вработувањето ќе има успехот постигнат во текот на студирањето.