Македонија
20. November 2018 - 16:59

Груевски повторно се јави на Фејсбук: Унгарија му го одобри барањето за политички азил

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски попладнево на својот Фејсбук потврди дека добил политички азил во Унгарија.

– Денес Република Унгарија, земја членка на ЕУ и НАТО, одговори позитивно на моето претходно поднесено барање за добивање политички азил заради политички прогон во Република Македонија.

Во барањето за политички азил наведов дека истиот го барам заради политички прогон од новата влада предводен од партијата СДСМ.

Наведов дека владата сака да ми ја одземе слободата користејки недемократски чекори и методи и злоупотребувајки го обвинителскиот и судскиот систем во Македонија, наведува меѓу другото Груевски на својот Фејсбук.