Македонија
23. August 2015 - 19:56

Груевски понуди мнозински изборен модел со 17 дополнителни пратеници за победникот за стабилна Влада

Мнозински изборен модел во кој победникот би добил 17 пратеници повеќе за да има постабилна влада. Ова е најновиот предлог кој премиерот Груевски, денес и го даде на опозицијата во преговорите за надминување на политичката криза.Македонија има искуство со мнозинскиот модел, се до 1998 пратениците се избираа на таков начин. Сега градоначалниците се избираат на истиот начин и овој модел се покажува како успешен, додаде Груевски.

Овој предлог на Премиерот доаѓа по барањето на СДСМ, Македонија да биде една изборна единица. По што премиерот понуди мнозински систем за избор на пратеници а сега побара и 17 пратеници повеќе за победникот.

Од СДСМ преку соопштение експресно го одбија предлогот додавајќи дека стабилна влада се обезбедува на фер и регуларни избори на кои граѓаните без закани ќе ја изразат својата воља.