Македонија
24. October 2015 - 16:14

Груевски: Ова е битка за Mакедонија, народот ќе одлучи во април

Ова во Македонија е битка за Македонија. Ова во Македонија е поголема битка од она што изгледа. Премиерот Груевски на академијата по повод прославата на денот на македонската револуционерна борба во својот државнички говор со силна порака. Ова е наша земја

Груевски во говорот кој многу аналитичари го нарекуваат историски порача дека Договорот од Пржино треба да се почитува но не и да се злоупотребува.

Груевски потенцираше дека на 24 април се ќе стане јасно бидејќи како што рече, граѓаните одлучуваат и добро ги познаваат политичарите.

Аналитичарите велат дека вчерашниот говор на премиерот беше мудар и државнички со силни поенти и пораки упатени на повеќе адреси. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа цврсто стои зад својот народ и дека кога станува збор за прашањата од највисок национален интерес, партијата нема точка на топење.