Груевски: Оставаме огромни средства во Буџетот
Во Буџетот на Република Македонија оставаме огромни средства на новото парламентарно мнозинство за разлика од 2006 година кога имаше само три милиони евра кога влеговме во Владата, но и десетици подготвени извршувања на добиени тужби од компании кои со месеци чекале да се активираат откако ќе започне со работа новата влада.
Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на прашање по увидот во градежните активности за реконструкција на делот од автопатот од Скопје кон Куманово, нагласувајќи дека тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
- На почетокот од неделава во Буџетот на Република Македонија имаше на располагање 180 милиони евра, а откако Уставниот суд донесе одлука за исплаќање на субвенциите за земјоделците околу 50 милиони евра ќе одат за исплата на земјоделски субвенции, изјави Груевски.
Појасни дека во 2006 година само што влегле во Владата се активирале десетици извршни решенија на изгубени судски рочишта што ги имала претходната влада на СДСМ поради што тогаш новата влада на ВМРО-ДПМНЕ била блокирана.
- Тоа е начинот на кој работи СДСМ, а ние им оставаме околу 130 милиони евра на располагање. Ме загрижува што СДСМ уште не составиле влада, а веќе бараат изговори за нивното работење коешто ќе следува, зашто немаат никаква сериозна програма и план што ќе работат, рече Груевски.
Нагласи дека буџетскиот дефицит годинава досега изнесува само еден процент што, како што рече, е еден од најниските буџетски дефицити во историјата на Македонија.
Ново на Сител
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Граѓаните гласаат за седми претседател на државата
-
Изборните денови 24 април и 8 мај неработни за сите граѓани
-
Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари помош за Украина, Израел и Тајван