Македонија
13. February 2017 - 16:25

Груевски: Нови избори се клучни за излез од политичката криза

По бројните обвинувања дека изборите во 2014 биле наместени,напуштање на парламентот и предизвикување криза,  СДСМ  демантиран. Груевски за тв нова потенцира, на овие избори резултатот од пред 3 години беше повторен и покрај бројни законски измени побарани од опозицијата, поставување технички министри од СДСМ во Владата, ВМРО ДПМНЕ победи по 10ти пат.

ГРУЕВСКИ - „Свесни сме дека нашата победа е последица на сработеното, победата не паѓа од небо. Ја заработивме со многу труд и многу работа, додека мнозинството граѓани тоа го препозна и нагрди. По победата имаше обид за рекомпонирање на гласовите, но морам да напоменам иако сите овие избри беа чисти и демократски, претходеше година на сериозно влијание однадвор во правец на тоа да се влошат позициите на ВМРО-ДПМНЕ и да се подобрат на СДСМ. Одредени фактори правеа се за да му помогнат на СДСМ“.

Во контекс на преговорите, изборните резултати Груевски вели бил свесен кога ги бранел националните интереси дека ќе биде политички нападнат.  Како политичар вели има противници и од внатре но и од надвор.  Ако земјата е мала и ако некој друг од надвор,личности или земји имаат поинакви планови тие стануваат ваши противници и својата големина ја користат да ги променат тековите и да ве отстранат од власт за да ги исполнат своите интереси. 

ГРУЕВСКИ -Тие нема да ја кажат вистинската цел туку ќе се обидат да ве направат криминалци, корумпирани, лоши луѓе, монструми дека сте убивале луѓе, дека сте краделе за народот сам да ве смени. Многу е јасна ситуацијата. Македонија не е прв. Секој политичар кој ќе застане цврсто зад интересите на народот треба да биде свесен за ова. Јас бев подготвен на тоа. Кога ги бранев националните интереси свесен бев дека ќе бидам нападат и затоа на нозе го издржав ова и имам уште сила, рече Груевски, кој додаде дека силата ја црпи од народот.

Двегодишнита криза во земјава и  организирана хајка против ВМРО ДПМНЕ  не биле  случајни Според Груевски, тоа била наметната криза, долгоподготувана а СДСМ вели беа само инструмент бидејќи немаат ни 1% капацитет самите да  организираат.

ГРУЕВСКИ - „Велиме дека изборите беа фер, чисти, демократски и слободни, но не можеме да го изоставиме делот дека државата две години беше под тешка пресија, а ние како владејачка партија под уште потешка пресија од надворешни фактори. СДСМ на овие избори извади многу пари. Тоа се не е прикажано во нивните извештаи. Беше видливо дека потрошија многу повеќе пари од ВМРО, иако тоа не се рефлектира во извештаите, изгледа дека ние сме потрошиле повеќе пари. Времето ќе покаже од каде се тие средства и ништо нема да остане скриено.

Во интервјуто Груевски објаснува како СДСМ и нивните сојузници направиле обид да ги променат изборните резултати, но коалицијата на ВМРО ДПМНЕ за подообра македонија успеаја само заради поддршката на народот. Поради тоа вели Груевски во изминатите години како политичар се фокусирал на економијата, инвестициите, нови работни места, земјоделие, образованието и  здравството, бидејќи како партија политиката секогаш ја сфаќале како можност да ги услужат граѓаните. 

Груевски вели потребни се нови избори со јасна победа бидејќи кризата продолжува само се менуваат одредени фази и тоа не е добро, затоа во повеќе наврати им предочил и на граѓаните дека доколку не освојат 63 пратеници состојбата во државата останува иста. 

Тонски- Ако изгубиме со еден пратеник ние нема да играме како СДСМ со националните интереси, затоа што така  и државата ќе губи. Ние тоа нема да го правиме како СДСМ, ќе се бориме во парламентот но нема да бидеме како нив. Изгубија па излегоа на прослава и до ден денес тоа го зборат. Колку треба да немаш интегритет за секој ден да зборуваш дека си победник.

Тој нагласи, да се одржат  нови избори кои ќе  донесат победникот кој ќе го одбере народот, а потоа да се овозможи да се форимира влада за да се остварат целите вели Груевски во телевизиското интервју.