Македонија
28. September 2017 - 8:26

Груевски: Нови инвестиции и работни места во Кавадарци

Нови странски и домашни инвестиции, отворање работни места и инфарструктурни прокети, вети лидетот на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Кавадарци.

Најави понуда за нови парцели во индустриската зона и изградба на патната инфраструктура, уредување и проширување на влезовите на Кавадарци, реконструкција и проширување на западен булевар односно влезот од Росоман и останатите влезови од Неготино и од Прилеп, изградба на велосипедско-пешачки патеки покрај кејот на реката Луда Мара,.. Тој пред кавадарчани најави и други проекти преку кои општина Кавадарци ќе биде поблизу до граѓаните.

- Со проектот „Мој општинар" градот ќе биде поделен на повеќе реони, а секој реон ќе има свој општинар односно личност вработена во општината која ќе биде излезена на терен и ќе прима забелешки лично од граѓаните за проблемите кои можат да се решат од страна на локалната самоуправа, информира Груевски.

Потенцира дека тој заедно со градоначалникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат на привлекување на инвеститор за изградба на фабрика за откупување на вишокот грозје и претворање на вишокот во алкохолен дестилат во однос на потребите на пазарот. Во насока на континуирана поддршка на економскиот развој, според него, се планира и реконструкција на винската куќа во градскиот парк Кавадарци која ќе биде во функција на поддршка на развојот на лозарството, винарството и туризмот.