Бизнис
18. February 2016 - 17:38

Груевски: Нови инфраструктурни проекти

Изградба на нов конгресен центар во Охрид, нов базен во Скопје, бини за концерти и манифестации на 6 плоштади  во главниот град, како и  обновување на учителската школа.   Лидерот на ВМРО  ДПМНЕ  вети нови  инфраструктурни проекти, од кои бенефит ќе имаат сите граѓани.    Конгресниот центар во Охрид  ќе биде лоциран на само 15 минутуи од охридскиот аеродром,, со врвно опремени мултифункционални сали,, во кој ќе се инвестираат 10 милиони евра. Се очекува да започне да се гради наредната година

Предвидени се содржини за:

- 5 до 6 мултифункционални сали за саемски изложби и состаноци со капацитет до 100 луѓе

- една голема сала за најмалку 1000 луѓе,  2-3 мали сали за билатерални средби, односно вкупен капацитет до 1500 луѓе паралелно.

- ресторан

- Соодветна опрема, аудио - видео контролна соба, озвучување,  лаптоп маси, интернет, звучна изолација

- паркинг и сите пропратни елементи потребни за ваков центар, изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ

Во салата Борис Трајковски ќе биде изграден нов отврон базен, чија изгрдба се очекува да започне во 2018 та година,   за што ќе се инвестираат 740 илјади евра.. Груевски вети и возобновување на зградатата на некогашната предагошка образовна установа, која целосно беше уништена за време на земјотресот во 1963. По изградбата овој објект ќе биде просторно решение за некоја од државните високо образовни установи кои немаат свои простории. По терк на современите метрополи и Скопје ќе добие 6 бини за поголема културна и забавна понуда на младите

Првите две бини ќе бидат поставени оваа година, а во наредниот период и останатите 4, вети претседателот на владејачката партија Груевски.