-->
-->
Груевски: Нова инвестиција во Демир Хисар, се планираат 1.000 нови работни места
-->
Она што претходно го најавив, денес се остварува. Официјално е потврдено дека германската компанија STS Textiles ќе инвестира во Република Македонија, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-Она што е значајно е тоа што оваа најнова инвестиција ќе биде лоцирана во Демир Хисар, што е од исклучително значење за егзистенцијата и развојот на овој регион од државата. Компанијата ќе произведува специјализиран текстил и Република Македонија ќе биде првата земја во којашто отвораат нов производствен капацитет надвор од границите на Германија. Планот е за почеток да се инвестираат 4 милиони евра со што ќе се вработат најмалку 150 лица, со намера низ реализација на повеќегодишен план оваа бројка значително да се зголеми и да се вработат до 1000 лица. Тоа ќе значи сигурна егзистенција за 1 000 семејства од Демир Хисар и од блиските градови и населени места. На оваа одлука за инвестирање претходеа повеќемесечни интензивни разговори, и особена посветеност и ангажман на економскиот тим. Посебни честитки за потпретседателот на владата Владимир Пешевски, како и министерот Џери Наумоф и заменик директорот на агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Климент Шекеровски кои имаа голем ангажман за оваа инвестиција, напиша Груевски.
Тој англаси дека ородолжуваат да работат и да се борат за секое ново отворено работно место. Решавањето на суштинските прашања со кој се соочуваат граѓаните останува нивниот најсилен фокус, а напредокот и развојот на државата нивни основен приоритет.
Инаку, оваа инвестиија Груевски ја најави на 24-ти јануари годинава, при обраќањето на Годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата