Груевски: Не постојат пречки за избори на 24-ти април, Заев ја става државата во залог
Услови за одржување избори на 24 април постојат, истакна премиерот Никола Груевски после синоќешните преговори во резиденцијата на ЕУ во Пржино, кои завршија без согласност од сите партии за договорениот датум во април за одржување избори.
Опозициската СДСМ застана против датумот 24 април како ден за предвремени парламентарни избори во Македонија.
Премиерот Груевски рече дека трите партии (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА) постигнале договор за одржување на избори и, како што нагласи: Единствено Зоран Заев не сакаше да има избори.
Тој човек, нагласи, дојде на преговорите со барање и инсистирање да се одложат изборите.
-Не се зборуваше за никави детали околу изборите, а не се зборуваше ни за Законот за медиуми, ниту, пак, за методологијата за прочистување на избирачките списоци, бидејќи Зоран Заев не сакаше за тоа да се зборува. Тој инсистираше да се прифати од страна на сите политички партии дека е добро да се одложат изборите. Ни потроши повеќе од 12 часови за цело време да бара, да моли, да убедува и да инсистира да нема избори на 24 април, посочи синоќа Груевски.
Рече дека им е јасно оти тоа го прави зошто ќе ги изгуби изборите и додаде дека тоа е неприфатливо и крајно неодговорно однесување.
– Со потезите што ги прави тој всушност сака да ја внесе државата во уште поголема политичка криза и проблеми и да имаме продолжена агонија која не е од интерес на никого во Република Македонија. Неговите зборови денеска беа поврзани само со одложување на изборите на 24 април без никакви сериозни аргументи. Тој знае дека методологијата за избирачките списоци и самото нивно прочистување е работа која може да се заврши за неколку дена, а добро знае и дека она што го бара во Законот за медиуми го нема никаде во Европа и дека тоа не може да му биде поддржано од никого. Но, го бара со цел да има причина да ги одложи изборите, бидејќи само во криза е актуелен и верува дека тоа ќе му донесе политички поени, но само губи политички поени и неговата поддршка од народот секојдневно опаѓа, потенцира синоќа Груевски.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка