Македонија
7. April 2016 - 16:28

Груевски: Народот да биде спокоен, свесно и одговорно продолжуваме напред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во денешното обраќање истакна дека услови за избори има и тие ќе се одржат и секој има право да одлучи дали ќе учествува на избори или нема да учествува затоа што и изборот на одлуки е слобода.

Тој апелираше до Заев добро да размисли за неговата одлука за СДСМ да не излезе на избори без разлика за неговото лично мислење, затоа што како што рече ова не е битка на Груевски и Заев, ова е битка за Македонија.

-Изминативе две години беа тешки за сите нас. Политичката криза ни го одземе целокупниот внимание од вистинските проблеми на граѓаните. Нашиот народ живееше под облакот на несигурноста и неизвесноста. Вчера собранието се распушти, ова е почеток на процесот на заздарвување, почеток на крајот на кризата. Народот на Македонија со векови страдал за слободна Македонија. Затоа оваа криза која ни се случи овој пат ќе се решава со гласачкото ливче. Народот сам одлучува, рече Груевски.

Тој истакна дека на Македонија и е потребна силна опозиција со која заеднички ќе се  договараат за стратешките правци на државата, а изборите се само натпревар во кои отсуството на СДСМ ќе остави дамка.

-Народот да биде спокоен, свесно и одговорно продолжуваме напред. Мора да направиме повеќе од избори да го оставиме партискиот интерес и да го следиме државниот. Ќе направиме се за да ги корегираме нашите грешки, тоа луѓето го очекуваат од нас. На нашата држава и е потребен план и визија за да ги постигнеме заедничките цели. Во периодот додека сме на власт преку 150.000 работни места се отворени,а ќе продолжиме и понатаму, рече Груевски.

Тој посочи дека е направено многу за младите, пензионери, лекари, спроведени се многу мерки за подобрување на животот.

-Денешниот ден ќе биде пресврт, ве повикувам да ни се придружите на нашите идеи за храбри и големи чекори. Македонија мора да оди напред, да содава и да работи, ова е наша земја и немаме резерва, рече Груевски.