Бизнис
24. October 2015 - 16:35

Груевски најави пет нови инвестиции и 2500 работни места

Нови инвестиции кои ќе отворат околу 2.500 работни места доаѓаат во Македонија. Во својот говор синоќа премиерот Груевски најави влез на уште пет компании во земјава.

Првата компанија е бугарската Мусала софт која веќе регистрираше фирма во Скопје и започна со вработувње на висококвалификуван кадар. Во пеирод од две до три години комапнијата ќе вработи 300 работници.

Италјанска компанија од земјоделскиот сектор ќе инвестира во зоната Жабени во Битола и ќе вработи 40 лица. Изралеска комоанија ќе отвори 80 работни места во Скопје. Се работи за  компанија од финансискиот сектор која работи во 40 земји, а приоритет за вработување ќе имаат лица кои знаат француски.

Најголемата инветсиција која ја најави премиерот синоќа ќе се реализира во Струмица

„До крајот на годината 2 компании ќе ги објават своите донесени одлуки за инвестирање едната во Струмица за 1500 лица, втората во Скопје за 500 лица, а ќе следат и две отворања на фабрики на компаниите кои завршуваат со градбата и ќе следи почеток на производство.Тоа е новата, втората фабрика на Технохозе од Италија со нови 150 вработувања, а во декември и компанијата Кап Кон со 400 нови работни места, двете во Скопје.Ќе биде потпишан и најмалку еден нов договор за една нова инвестиција во Македонија, а тоа е договорот со германската  Костал за 1000 вработувања во Охрид“, изјави Груевски.

Реформите и инвестициите во изминатите девет години придонесоа невработеноста да падне на најниски 26,8%. Во 2006 во земјава имаше 560.000 вработени, денес бројката изнесува 700 илјади, рече Груевски. Според него, создадена е една од најдобрите бизнис клими во светот за што земјава добива признанија од меѓународните економски организации. Сето ова резултира со втор највисок раст на македонската економија во Европа во изминатите две години