Бизнис
31. January 2016 - 18:15

Груевски на работен состанок за оперативен план за вработување: Во моментов 28 активни мерки, во февруари 2 нови

Отворањето на нови работи места е една од примарните и главните заложби на Владата на Република Македонија, а мерките во таа насока даваат позитивни резултати. Во моментов се активни 28 мерки на финансиска поддршка, обуки, започнување на сопствен бизнис, поддршка за вработување и тоа за социјално ранливите лица, лицата со посебни потреби и оваа година се очекува преку активните мерки за вработување на Агенцијата за вработување би требало да бидат опфатени околу 13,500 лица, од кои најмалку 8.700 ќе бидат вработени.

За успешноста на мерките говорат статистиките кои покажуваат дека се отворени околу 150.000 нови работни места во период од 9 години, тоа значи дека 150.000 невработени лица се вработиле и дека на исто току семејства им се подобрил животниот стандард.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска одржа работен состанок со вицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, министерот за финансии Зоран Ставрески, заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, директорот на АВРМ Влатко Поповски, во присуство на директорите центрите за вработување на АВРМ во Македонија, на тема „ Разгледување на имплементацијата на мерките од оперативниот план за вработување“.

-Нас вработувањата ни се врвот на нашите приоритети, до сега имаме сериозен успех, отворивме над 150.000 работни места  со различни мерки и активности, во голем дел преку привлекување на странски инвестиции но и во голем дел преку охрабрување на домашните инвеститори да отворат нови работни места, да инвестираат да отворат нови погони. Но и значаен дел беше и поддршката на Агенцијата за вработување преку големиот број на проекти кои што ги имавме, подвлече Груевски.

Во изминатиот период се спроведоа и се во тек 28 мерки како што се проектите за самовработување со до 3.000 евра грантови и до 4.000 евра за стечајци. Па така и преку другите проекти како што се поддршката за инвалидни лица, проектот за давање 1.500 евра грантови до 5 лица, поддршката за млади до 29 години, како и проектот кој јави голем интерес кај граѓаните „Македонија вработува“.

Само преку проектот „Македонија вработува“ од април 2015 до денес вработени се 12.141 лице.

Со активните мерки вработени се 34.000 работни места, а доколку се додадат вработувањата со проектот „Македонија вработува“, станува збор за 46.000 вработување и тоа само преку активните политики на АВРМ.

-Според последните податоци во Република Македонија имаме 711.380 вработени лица, а во 2005 година имаше 560.000 вработени лица и стапката на невработеност намалена е на рекордно ниско ниво од 25,5% и споредено со рекордот од 2005 од 38,7%. Тоа е 13 процентни поени помалку, подвлече Ставрески.

Во јавноста, додаде Ставрески, пробуваат да се пласираат две заблуди: Едната е дека овие работни места не се креирани во приватниот сектор.

-Тоа е неточно  бидејќи од 150.000 работни места најголем дел се креирани токму од приватниот сектор. Во трговијата во периодот од 2006-2015 се креирани нови 35.562 работни места, во транспорт 24.184, во преработувачка индустрија 16.661 ново работно место. Во финансов сектор 5.200 работни места , во хотелиерство 5.000 работни места…Приватниот сектор е тој каде што се  креираат работните места, истакна Ставрески.

Втората заблуда, додаде тој, е дека стапката на невработеност се намалувала затоа што се намалувало активното население во Македонија бидејќи луѓето се селеле во странство.

-Тоа е неточно. Податоците од статистика покажуваат дека активното население во 2015 година со последен податок од септември е 954.610 лица, а во 2006 бил 885.600 лица.  Тоа значи дека денеска за 70.000 лица активно наследие  има повеќе од 2006 година. А активно наследие, заклучи Ставрески.

Сите мерки кои што се спроведуваат се комплементарни на останатите економски политики а главните реформи и главното подобрување на бизнис климата е правено за особено за домашните инвеститори, вели вицепремиерот Пешевски. Вкупното ниво на домашни инвеститори е неколку кратно поголемо секоја година.

-Една од мерките е програмата за самовработувањесо кредитирање, а ова е програма која што се дава на почетници кои што отвораат бизнис и идејата е да се здружат до 5 лица и заедно да побараат од АВРМ кредит. Кредитот кој што го дава агенцијата е прилично поволен со 1% каматна стапка годишно, 1 година грејс период и 4 години период на враќање. Носителот на активноста може да подигне до 5 илјади евра а останатите до 3 илјади евра, а ако е стечаен работник може да подигне и до 4 илјади евра, рече Пешевски и заклучи дека збирно 5-те лица можат да подигнат средства до 21.000 евра.

Со мерките за само-кредитирање од 2008 година се формирани 5.200 работни места а кај земјоделците бројката е 1.300 работни места.

Покрај 28-те активни мерки во текот на месец февруари ќе се објават две нови активни мерки.

-Првата мерка е поддршка на за отворање работни места за микро и мали претпријатија а втората мерка е обука на за глуви лица и за лица со оштетен вид или слепи лица, објави министерот Спасов.

Спасов истакна дека се обезбедени средства за да се спроведат обуки на 100 слепи лица кои ќе се обучуваат за масери. Истите ќе поминат 3 месечна обука, а покрај обуката за масери, тие ќе поминат и обука за ориентација во простори описменување на Браево писмо. Глувите лица ќе се обучуваат за заварувачи.

-Ова се две нови програми кои што започнуваме да ги реализираме оваа година. За време на обуката ќе добијат лицата со инвалидност по 8.000 денари месечно надоместок, а обучувачите ќе добијат 30.000 денари за финализирање на самата обука, рече Спасов.

Втората мерка која исто така ќе излезе во вторник е гранд средства за отворање на нови работни места во мирко и мали компании.

-Мерката предвидува од 1.500 евра за ново отворено работно место до 5 работни места, а планирани се вкупно 200 вработувања  се планирани да се подржа со оваа програма, додаде Спасов.

Во делот на самовработување со грантови од 3.000-4.000 евра огласот е веќе излезен и истио трае до 5 феврури.

-Во првиот оглас кој што е веќе објавен очекуваме 60% од 920 грантови да бидат опфатени а во вториот кој што ќе биде објавен во мај да бидат опфатени останатите 40%. Тоа значи дека со првиот оглас околу 500 а со вториот 420 грантови, појасни директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

Огласот е поделен на два дела за да оние кои што не можат да аплицираат во првиот да можат да аплицираат во вториот оглас. По вториот оглас е превидено да се најдат оние компании кои имаат добра идеја и одржлив бизнис и истите ќе добијат дополнителни уште 2.000 вера грант во репро материјали, заедно со дополнителна обука за водење на бизнис.