Македонија
22. April 2019 - 13:02

Груевски на Фејсбук по изборите: Ах таа македонска деструкција

За изборите се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски.

- Кога ВМРО ја водеше владата во време на економски и политички кризи, се трудевме и носевме нови фабрики од странство за невработените и нископлатените да добијат работа и можности.

Денес, кога економски кризи во Европа и светот нема, би требало да доаѓаат три пати повеќе нови инвестиции. Но денес нема речиси воопшто напор за убедување на нови фабрики и компании кои ќе отворат нови работни места, освен малку глума. А нема ни кој. Незнаат ни како. Ниту пак имаат воља и интерес да научат или да најдат некој кој знае.

Затоа сега, се повеќе, многу повеќе од порано, невработени и невреднувани спасот го бараат надвор. Таму кај што се фабриките, компаниите, можностите... кои никој не се труди да ги привлече и донесе, а Македонија секој ден е со помалку народ.

Всушност, не се само фабриките, невработените и нископлатените оние кои не ги интересираат...

Подолу ќе видите многу повеќе работи кои не ги интересираат да ги довршат а во најголема мерка им се одработени...ах таа македонска деструкција...напиша Груевски вчера.