Груевски: Меѓународната заедница одблиску да го следи процесот за фалсификуваните лични карти
Премиерот Никола Груевски денеска ја повика меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот во врска со случајот за фалсификуваните лични карти. Груевски рече дека во врска со овој случај очекува повеќе информации по што ќе се произнесе во јавноста.
- Она што го слушнав за фалсификуваните лични карти е навистина фрапантно и би се воздржал од поконкретнен коментар затоа што очекувам во наредните час - два да добијам уште повеќе информации по кои ќе се произнесам во јавноста. Засега само би им честитал на професионалците во јавното обвинителство и во МВР за тоа што успеале да го постигнат и би апелирал и до меѓународната заедница одблиску длабински да го следи процесот, изјави Груевски, кој денеска ги презентираше одлуките за нов државен универзитет и изградба на студентски домови.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто