Македонија
8. September 2015 - 15:18

Груевски: Легализацијата на марихуаната не треба да се прифати, лоши долгорочни последици

Општата легализацијата на марихуаната не треба да се прифати. Тоа би донело до лоши последици долгорочно, е ставот на премиерот Никола Груевски во однос на прашањето за легализација на марихуаната за медицински цели, што го соопшти во обраќањето денеска по повод одбележувањето на Денот на независноста на Република Македонија.

- Истовремено, прашањето за увоз и пуштање во употреба со лекарски рецепт на лек, кој е базиран на масло од канабис под строго регулирани услови, треба да биде опсежно проучено и јавно дебатирано, не од политичари или новинари или пак политички аналитичари, туку од лекари специјалисти во областите, фармацевти, доктори на науки и напредни научници исклучиво на стручна база, истакна Груевски.

Потребно е, смета тој, темелно да се проучи затоа што, како што рече, во некои држави во Европа и САД овие лекови се дозволени, а во некои не, и какви се нивните искуства. Дури потоа, истакна премиерот Груевски, може да се завземе став по однос на овој вид медикаменти.