Македонија
5. December 2016 - 23:41

Груевски: Ќе продолжиме да носиме инвестиции и да отвораме нови работни места

Луѓето веќе се навикнаа да има некоја нова инвестиција, се навикнаа да отвораме фабрики, да инвестираме во нови отворања на работни места. Никој не знаеше што е грин-филд инвестиција, бидејќи сите од минатото се сеќаваа само на затворање на фабрики, бркање на народот од фабриките на улица и приватизација. Ова вечерва го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во четвртата изборна единица, Никола Груевски на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Центар.

Груевски потсети дека во времето на СДСМ луѓето знаеле само за отпуштање од работа, за затворање фабрики и за приватизација на фабрики за симболична цена од олигарсите на СДСМ по симболични цени. 

Тој посочи дека Заев во последните недели се обидува да внесе што повеќе гнев против нив, да внесе гнев и да создаде омраза. - Тој не се бори толку да ги освои гласачите со негова понуда, со конкретни работи за отворање нови работни места, за подобрување на стнадардот на граѓаните колку што се обидува да внесе гнев и омраза.  Во Центар има еснаф, кој нема да дозволи Зоран Заев да им внесе толку гнев и омраза, рече Груевски. 

Потенцира дека ќе се посветат и ќе продолжат и натаму да работат за младите.

- Ќе дадеме дополнителен напор за да им помогнеме. Ние и досега многу помогнавме пред се преку отворање нови работни места. Младите треба енергијата да ја насочат кон конструктивен придонес за решавањеа на сите проблеми, и нивните и сите наши заеднички. ВМРО-ДПМНЕ е отворено за тоа и тоа ќе го работи заедно со младите луѓе, рече Груевски. 

Според него, тоа што го прави Зеав во Струмица, тоа би го правел и во Центар ако стане премиер и додаде оти за 11,5 години градоначалник Заев не донел ниту една инвестиција. 

Груевски потенцира дека одлуката да не се излезе на гласање или да се гласа за помалите партии или за помалите колации, кои како што рече се наменски направени, е исто како да сте го дале гласот за Зоран Заев. 

- Сите тие, директно или индиректно, го поддржуват Заев. И треба да да разамислат кој подобро може да се справи со економксите проблеми, со отворањето нови работни места, со подобра безбедност, кој може повеќе да обезбеди безбедност во државата, ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, рече Груевски.

Додаде дека луѓето сакаат крај на кризата, која, како што рече, ја создаде Заев и државата да оди напред. 

Според него, единствена гаранција дека кризата ќе заврши се 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Парламентот. Потенцира дека на 11 декември е потребно историски референдумско гласање. 

- Многу работи се случија низ годините. Го знаете и нивното и нашето работење и нашите дела, рече Груевски. 

Потсети на досега реализираните проекти, како зголемување на буџетот во образованието за 72 отсто, изградените нови училишта, се намали партиципацијата за студирање на сите државни факултети, преведовме и отпечативме 1.000 стручни и научни книги, се намали цената на лековите...

Од идните проекти, Груевски вети зголемување на платите во јавниот сектор и пензиите за над 10,25 отсто, зголемување и усогласување на платите на вработените во градинките, нови болници, нови училишта, вработување на 100-те најдобрти студенти од јавните универзитети во јавниот сектор, секоја година, 140 нови градинки, гасовод во сите градови и во Скопје, субвенции за набавка на електрични возила...

- На следните избори носиме носиме две одлуки, една за тебе и за твоето семејство и одлуката за Македонија. Дали Македонија ќе оди во правец на создавање, градење, грижа за сопствените граѓани или ќе оди во правец на кантонизација, двојазичност...Јас знам и верувам дека мнозинството на граѓаните на Македонија ќе излезат и ќе гласаат за историски референдум, додаде Груевски.