Македонија
28. April 2016 - 17:06

Груевски: Ќе излеземе како победници и ќе одиме напред кон НАТОи ЕУ

Политичката криза ќе се реши а ние ќе излезе посилни. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со силна порака. Никој не е посилен од народот

„Секој почеток има и свој крај, така е и со кризата. Политичката криза ќе се реши, а ние, сите ние ќе излеземе многу посилни од сето ова. Но и помудри. Нема поголема сила од народот, а секој кој тргнал против народ е осуден на пропаст. Македонија ќе се врати на патеките на напредокот, на економскиот развој, на патот на ЕУ и НАТО и колку некој, поради свои лични интереси сака да не одврати од оваа наша заедничка цел, тој не прави порешителни, уште многу повеќе силни да опстоиме, да се бориме, но и да успееме. Овој народ, оваа држава има капацитет да ги надмине овие проблеми и ќе ги надмине. Како што и во минатото многупати ги надминала. Ние сме се снашле со многу предизвици, со многу опасности и на крај сме ги надминувале предизвиците со мудрост и  со правилен избор на одлуки, секогаш водејќи сметка за националните и државни интереси. “

Груевски рече дека секогаш кога било најтешко, неговата партија била со народот

„ВМРО- е код околу кој се собирале сите кој ја сакаат слободата и самостојноста на земјата. ВМРО е емоцијата околу која се врзуваат многу судбини на Македонија. Тоа било така во минатото, така е и сега. ВМРО останува стремежот за слобода и стремежот за својата држава и независност. Стремежот за сопствен напредок и успех. Во нашата основа е да ја заштитиме нашата држава и ве уверувам дека ќе успееме и ќе победиме, затоа што народот е силен и свесен и многу добро знае што се случува. Народот застанува против виткањето на кичми, против сценарија за дестабилизација, против рушењето на мирот и соживотот. Македонија е многу повеќе од ова. Сето ова ќе помине, и на крајот сите ќе треба да се погледнеме во огледало, и ние кои сега сме со народот, а и тие кои се од другата страна. Историјата ќе суди за улогите, а народот ќе цени“

Првата можност народот да ја процени состојбата доаѓа на 5 јуни. За Претседателот на Владата задолжен за спроведување на изборите нема дилема. Соочувањето со граѓаните на 5 јуни е неопходно, а сите услови за тоа се ипсолнети

Димитриев потенцираше дека Владата и натаму останува максимално посветена со сите свои капацитети да им помогне на институциите со единствена цел, изборите на 5 јуни да бидат фер, демократски и во согласност со сите меѓународни стандарди.