Бизнис
10. May 2016 - 19:33

Груевски: Интензивно се работи на гасификацијата

За еден месец ќе почне со работа Клечовце Штип. Гасоводот е целосно изграден, во моментов се вршат техничките проверки   и низ овие цевки гасот треба да протече најдоцна до јуни, најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Груевски.

Во првиот квартал од 2017 година  треба да  почне  градбата и на гасоводот  Неготино- Битола, кој се очекува да биде готов за  две до три години.  Во моментов се врши и избор на концесионер кој ќе го гради гасоводот од Скопје до Гостивар , и кракот од Штип до Неготино.  До  2019 се очекува Полошкиот регион целосно да биде гасифициран.

-Придобивки од гасификацијата има и за граѓаните и тоа директно преку намалување на нивните сметки и тоа за 7 проценти за оние кои се греат на дрво, за 35 проценти за оние кои сега се грејат на струја, и поевтинување за над 50 проценти за оние кои користат друг вид на течни и тврди нафтени горива, истакна Груевски денеска на промоцијата на нов проект за греење со пелети, изјави Груевски.

Вкупната инвестиција за трите гасоводни крака изнеусва 90 милиони евра. Парарелно се работи и на поврзување со интерконективни гасоводи со соседните земји, од Македонија до Грција и Бугарија.

-Се работи и на изнаоѓање приватен партнер за гасификација на скопскиот регион односно 17 негови општини. Според Груевски, две компании се наоѓаат во втората фаза на конкурентен дијалог и согласно закон се вршат финалните разговори со нив, и сеочекува дека по рачистувњето на политичките состојби ќе се влезе во финален избор на компанија која ќе го гради гасоводот во Скопје и скопскиот регон кој е проценет на 100 милиони евра, или околу 245 километри нова дистрибутивна мрежа. За изградбата на дистрибутивните гасоводи во западна и источна Македонија наскоро се очекува распишување нова постапка, која како резултат на претходните искуства, сега во себе вклучува многу подобрени и поприфатливи услови за потенцијалните инвеститори. Со оваа постпака ќе бидат опфатени 36 општини во источна и 26 општини во западна Македонија, истакна Груевски.

Со изградбата на новите гасоводи ќе ангажирани се голем број на работници. Домовите  институциите и компаниите ќе добијат почист и поевтин енергенс. Гасификацијата ќе помогне за поздрава и почиста средина.