Македонија
10. January 2017 - 19:16

Груевски ги почна консултациите за состав на новата влада - средба со коалиционите партнери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја има поддршката од коалиционите партнери за формирање на стабилна влада.

Ова е ставот на лидерите на 25-те политички партии од коалицијата „За подобра Македонија“ кои денеска имаа заедничка средба.

Сепак коалиционите партнери побарале претпазливост во постигнувањето на договорот со албанскиот политички блок.

Поголем дел од партиите кои се дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, изразиле загриженост од формирањето платформа на албанските партии кои освоија пратенички мандати..

На денешната средба меѓу лидерите на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се анализирал и денот на изборите. Се нуделе и различни идеи како во иднина да постапува коалицијата.. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека како победничка партија на парламентарните избори, ќе обезбедат нормално функционирање на државата..

Од коалицијата „За подобра Македонија“ велат дека за неколку денови ќе отпочнат и преговорите со ДУИ за формирање на новата владата, оти како што вели Димовски тоа е составен дел од изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ..