Македонија
30. May 2016 - 16:41

Груевски: Едни создаваат и градат други блокираат и уништуваат

Концепт на создавање и градење, наспроти политика на блокади и уништување. Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече лидерот на владејачката партија при својата посета на Струмица викендов

Груевски вели дека има серија примери за тоа како СДСМ ги стопира проектите Последен е болницата во Струмица која почна да се гради во 2002 и по доаѓањето на власт на СДСМ, изградбата беше целосно стопирана. Враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт значеше рестарт за градежните активности и во моментов таму активно се гради и се вложуваат над 7 милиони евра во инфраструктура и опрема.
Сличен беше примерот и со индустриската зона во Бунарџик и уште неколку проекти.
Груевски вели дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема проблем да ја заврши реализацијата на проекти кои ги стартувала гарнитурата на СДСМ додека била на власт.

Политиката на блокади граѓаните ја видоа и во периодот од неколку месеци во кој СДСМ имаше свои министри во Владата.  Оливер Спасовски не даваше решенија на питомците кои успешно ја завршија обуката, а Ременски ја кочеше изградбата на градинки и социјални станови.