-->
-->
Груевски: Единствен начин да напредуваме е лидерите да ја стават волјата на народот пред сопствените амбиции и лични интереси
-->
Единствениот начин да напредуваме како држава и нација лидерите да ја стават волјата на народот пред нивните сопствени амбиции и лични интереси, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по средбата со претседателите на политичките партии дел од коалицијата „За подобра Македонија“.
-ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија денеска се откажа од сите забелешки кои ги имаше во однос на методологијата за прочистување на избирачкиот список предложена од страна на ДИК. Партијата и коалицијата денеска целосно ја прифати предложената методологија за чие имплементирање, како што бевме информирани и ние и комесарот Хан – има и капацитети и време, истакна Груевски.
Тој додаде дека двете институции најодговорни за спроведување на изборниот процес се во рацете на СДСМ. Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи раководено од страна на техничкиот назначениот министер Оливер Спасовски имаат капацитет да гарантираат фер и демократски избори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот