Македонија
12. October 2016 - 17:09

Груевски: До крајот на годинава ќе бидат асфалтирани сите улици во поплавените подрачја

 Годинава во Буџетот се проектирани 6 милиони евра повеќе средства за „Македонија пат“ со кои пред се треба да бидат изградени улиците во местата што беа зафатени со поплавите, но и некои други приоритетни локални патишта во други делови од земјава, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по денешната посета на објектите на Македонската опера и балет и на Македонската филхармонија. 

- Досега во делот што го работи Македонија пат се инвестираа до една милијарда денари, а сега се издвоени 22 милиони евра или 6 милиони евра повеќе од вообичаеното со кои дополнително ќе се инвестира по завршувањето на сите патишта во подрачјата погодени со поплавите. На многу места ќе бидат асфалтирани и патчиња кои претходно не биле асфалтирани. Се надевам дека до крајот на годинава целосно ќе биде завршена работата, рече Груевски во одговор на новинарско прашање.

Прецизира дека дел од средствата ќе бидат искористени и за изградба на многу други помали локални патишта кои се на листата на најбарани од страна на граѓаните.