Македонија
25. November 2016 - 22:28

Груевски: Бројни проекти за невработените лица, со помош на државата идејата да ја претворат во бизнис

Предвидуваме низа проекти за поддршка на невработените лица за поддршка за отворање на свој бизнис. Порекот во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ Реално, „Од идеја до бизнис“ предвидува грант од 4.000 евра, рече лидерот на партијата и носител на листа во ИЕ 4, Никола Груевски.

Предвидена и програма за самовработување со кредитирање, грант за рурален туризам програма за кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места.

-Самовработување со кредитирање на вршители на земјоделска дејност и услужни дејности и самовработување на лица што продаваат на пазар. Се предвидува да продолжи во овие 4 години проектот кој неодамна започна наречен „Купи куќа за млади“. Откако овој проект започна и 100-та фамилии го искористија со новата програма воведуваме  нов проект наречен „Купи куќа за над 36 години“ и за тие луѓе со пониски приходи да можат да купат дом со поддршка на државата, рече Груевски.

Во проектот се предвидува во период од 10 години да има субвенција на ратите и тоа 65% во првите 7 години и 35% во наредните 3 години.

-Додека тие манипулираат и прават хаос, ние мислиме дебатираме како да најдеме начин да им помогнеме на луѓето да направат куќа, да дојдат до вработување да имаат подобар живот да им ги решиме проблемите, рече Груевски.

Со новата програма се предвидува во следните 4 години социјалната помош да се зголеми за 50% , средствата што се добиваат за енергетска сиромаштија да дојдат до 1200 денари.

-Се предвидува изградба на нови преку 70 водоводни и канализациски системи низ Македонија. Ќе се изградат нови 140 градинки и 18 училишта и реновирање голем број училишта. Се предвидува градба на нови 78 спортски сали, како и инвестиции во нова медицинска опрема, односно нови 3700 медицински апарати за цела Македонија за кои ќе се инвестираат 33 милиони евра, порача Груевски.