Груевски: Бесплатниот јавен превоз полн погодок за студентите
Во првиот месец од почнувањето на проектот бесплатен јавен превоз за студенти поднесени се околу 12,5 илјади апликации што претставува одличен почеток за овој проект, оцени денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
- Во јануари, месец во којшто студентите не се на настава има 12.500 студенти кои подигнале соодветна документација за бесплатно користење на автобускиот превоз, така што имаме одличен старт над нашите очекувања и огромен интерес. Сите тие средства што судентите досега ги давале за јавен превоз сега ќе претставуваат директна заштеда за нив и за нивниотт животен стандард, рече Груевски.
Тој очекува уште поголем интерес да има во следниот период за користење на тоа право. - Ако во јанаури се јавија 12.500 студенти очекувам бројката значително да расте во следните месеци и ќе имаме огромна искористеност на задовослтво на секој студент што има потреба од јавен превоз, наведе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто