Македонија
22. October 2016 - 16:55

Груевски: 59 милиони евра за водоводна и канализациска инфраструктура

55 водоводни и канализациони мрежи се ставени во функција од проектот со Европска инвестициска банка. Мешу завршените проекти се изградената атмосферкса канализација во општината Кисела Вода, с. Кадино Илинден, фекална канализација во Гази баба и бутел, водоводен систем во Волково. Инвестирани се повеќе од 18 милиони евра а во тек е реализација на нови 30 проекти рече Груевски.

Меѓу планираните системи кои ќе  се реализираат во Скопје во следниот период  преку овој проект се фекална канализација во ШутоОризари, изградба на систем за водоснадбување во Арачиново, канализациона мрежа во Зелениково и изградба на канализација во село Ракотинци О. Сопиште. 

Со овој заем од Европската инвестициска банка од 50 милиони евра и дополнителни буџетски средства од 9 милиони евра почна проектот за реконструкција и изградба на системите за поквалитетен живот на граѓаните. Општините  доставуваат  проект документација  до министерството за транспорт и врски  за инвестирање во водоводни и канализациони системи по што се одобруваат средствата заедно со мислење од ЕИБ.