Бизнис
22. October 2016 - 16:27

Груевски: 400 милиони евра за инфраструктурни проекти

400 милиони евра ќе бидат инвестирани во капитални проекти следната година. Новите автопати, пруги, енрегетиката, гасификацијата остануваат приоритет на ВМРО- ДПМНЕ. Од  овие пари 320 милиони евра ќе бидат наменети за автопати, регионални, магистрални и експресни патишта.

Течат градежните работи на Автопатото Демир Капија – Смоквица кој целосно треба да бдие готов до следната година. Ќе продолжи и изградбата на автопатото од Скопје до Штип и Кичево Охрид. 

Според Груевски овие 400 милиони евра се рекорден износ кој се инвестира во капитални проекти.