Македонија
31. December 2015 - 12:31

Груевски: 2016-та е година на народот, кога на фер и демократски избори ќе ја испрати својата порака

Во 2016 година вие граѓаните ќе ја решите 2015 година. 2016 година е година на народот, година кога народот на фер и демократски избори на 24-ти април ќе ја соопшти својата одлука и ќе ја прати својата порака, истакнува премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање.

Изборите во април, како што додава, ќе стават крај на ова тешко бреме, а вие граѓаните ќе одлучите.

- Никој друг, туку вие граѓаните. Изборите во април ќе бидат и своевидна порака до сите политичари и лица или структури и организации кои директно, индиректно, или само како набљудувачи биле и се вклучени во сите случувања кои ги доживеавме и преживеавме заеднички изминатава година. Изборите ќе треба да донесат нов ветар во грб, енергија, сила, за градење на подобра иднина, на посветла иднина, ќе бидат своевиден излез, светло на крајот на тунелот, истакнува премиерот.

Според Груевски, следната година треба да биде година кога граѓаните ќе ја видат најсеопфатната програма што која било политичка партија воопшто ја направила во Македонија. - Понуда која ќе значи подобар живот, повеќе проекти, мерки, реформи, дела, посветла, сигурна, предвидлива иднина, додава премиерот Груевски во обраќањето.