Груби: Зошто Села не побара извинување од Мицкоски за тоа што му се случи 27-ми април
Откако Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, синоќа во емисијата 24 анализа, праша што барал вицепремиерот Артан Груби, да шета кај изгорената модуларна болница во Тетово, уште следниот ден по трагедијата, вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека Села ја злоупотребува трагедијата за политички поени и го прашува зошто тој не бил таму за да помогне.
-Првото прашање што граѓаните го поставуваат е дали Села го прашал Христијан Мицкоски зошто бил во Собранието на 27 април штом веќе го уверил дека нема потреба да му се извинува за претепувањето и дали им објаснил на своите гласачи зошто за потребите на Таравари за да има било каква шанса да се натпреварува во Гостивар ја жртвува цела политичка кариера што ја изгради врз основа на настаните на 27 април каде што Мицкоски беше дел од толпата што навлезе во Собранието.
Второто суштинско прашање е зошто тој не бил во Тетово, не направил апсолутно ништо за да помогне и затоа ја злоупотребува трагедијата и болката на семејствата за површни полтички предизборни поени, изјави Груби.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени