Македонија
22. November 2017 - 16:11

Груби: Законот за јазици ќе се врати во Собрание до Нова Година

Владејачките СДСМ и ДУИ со различен став за тоа која е причината за одложувањето на денешната амадманска расправа на Законот за јазици. Претседателот на комисијата за европски прашања Артан Груби вчера самиот објасни дека има поитни прироитети од законот за јазици, додека пак за координаторот на СДСМ Томислав Тунтев причината е Денот на албанската азбука. Одложувањето доаѓа само ден откако еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека законот не е дел од европските приоритети.

„За денеска, според претходно објавениот распоред на собраниските активности, беа закажани седници на две комсии – за еверопски прашања и за култура...и двете, како што бевме информирани вчера попладне, се одложени поради денешниот празник на албанската заедница во Македонија“, ни пиша координаторот на СДСМ Томислав Тунтев.

Наспроти него, Груби, кој и самиот велеше дека намерно ја закажува седницата на денот на албанскотот знаме, вака го објасни одложувањето:

„Проценив дека неделава е многу значајна за други реформски прашања и дадов предност на тоа, за да не овозможам дефокусирање на јавноста од тоа што во моментов е најзначајно и итно“, коментираше пратеникот на ДУИ.

Одложувањето стигна додека Груби е во Брисел, а само ден по изјавата на Хан.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, брифираат дека одложувањето на амандманската расправа за законот за јазици не е доволен потег од страна на власта. Остануваат на своите два предлози. Прво, да се избрише европскиот предзнак на законот, и второ, да се организира јавна расправа.

Законот за јазици е во второ читање. ВМРО- ДПМНЕ поднесе 84 амандмани, додека пак СДСМ четири и БЕСА  - два. Информациите се дека Комисијата ќе биде презакажана на  почетокот на декември.