Груби: Се чека вистинскиот момент за импичмент на Иванов
Пратеникот Артан Груби од ДУИ денеска рече дека импичментот за претседателот на државата Ѓорге Иванов е подготвен, но дека се чека „вистинскиот момент“ тој да биде доставен до Собранието.
- Продолжува инфантилната политика на Иванов и жалам за тоа, но морам да ги убедам граѓаните дека нема да се дозволи еден узурпатор кој нема легитимитет посебно кај Албанците да ја суспендира работата на Собранието кога целиот демократски свет го поздрави Договорот, рече Груби.
Иванов, според него, предводи малка група која е против евроатлантска интеграција на земјата.
Пратеникот на ДУУ исто така посочи дека се прават консултации со повеќе правни и уставни експерти за да се избегне блокадата од Иванов, ако и по повторното изгласување, не стави потпис на Указот за ратификација на Договорот со Грција.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела